Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Кошарка! Девојките на Вардар одлични во есенската полуетапа, како второпласирани ќе “презимат“, вистински погодок е нивното “реактивирање„
Кошарка! Девојките на Вардар одлични во есенската полуетапа, како второпласирани ќе “презимат“, вистински погодок е нивното “реактивирање„

Кошарка! Девојките на Вардар одлични во есенската полуетапа, како второпласирани ќе “презимат“, вистински погодок е нивното “реактивирање„

Кошаркарскиот клуб Вардар по повод 70.годишнината која следната година се навршува од основањето на Спорското друштво “Вардар“, формирано далечната 1947 веднаш по најголемата светска војна реши да го “активира“ повторно женскиот клуб. Во текот на летото се создаде екипа ЖКК Вардар претежно од млади девојки со неколку искусни кошаркарки. За кратко се покажа дека идејата беше одлична.

ПОБЕДНИЧКО СЕЛФИ!

Тимот тргна во лигата со пораз во првото коло, но потоа блесна и шест меча по ред однесе победи. Во првото коло игравме со шампионот на земјата Бадел 1862 во малата сала “Кале“ очекувано бевме поразени од тим кој е шампион и игра во регионалното натпреварување. Потоа следеа успеси и само успеси. Ги нанижавме на нашата “црвено-црна победничка листа“ тимовите на Шкупи, Струга 2009, Пелистер А.Д, Клупски П., Трокал, МНА Кожувчанка. По одиграни седум кола од можни 14 девојките на Вардар собраа одлични 13 бода. Тие се повеќе од доволни за “бетонирање“ на втората позиција пред зимската пауза која следува во женската Прва кошаркарска лига. Пред нас со бод повеќе е шампионот Бадел 1862 на кој “му дишеме во врат“ за време на зимската пауза. Постигнавме 407 поени на 7 меча, или во просек 58,2 постигнати коша по меч, оваа статистичка категорија ќе беше и посилна доколку “фенерџијата“ Клупски П. се појавеше во “Кале“. Нашиот противник не дојде па го добивме мечот со 20-0, повеќе од веројатно ќе беше дека нашите девојки далеку повисоко ќе го поразеа овој тим. Имаме примено 344 поена или одлични само 49 поена по меч. Највеќе поени против нас постигна шампионот Бадел 75 поена, ако се земе просекот во другите мечеви бес овој бројот на примени кошеви е 44 поени по меч. Полусезоната ја завршуваме со позитива од 63 поена на контото. Навистина е одличен потег враќањето на женскиот кошаркарски тим во лигата, дефинитивно е прекрасно да се известува за подвизите на овие девојки. Паузата ќе трае се до фебруари идната година кога стартува женскиот куп во кошарка.