Финале со црвено-црн шмек ќе гледаме во четврток на 30-ти декември во Поединечното државно кугларско првенство. Дуелот ќе се игра во кугларницата при Спорскиот центар “Борис Трајковски“ во Скопје.
Во финалето ќе се сретне ударното дуо на црвено-црниот кугларски колектив Димитар Димитровски и Бојан Влаќевски. Вардаровите момци во квалификациите беа доминантни, исто така и во четвртфиналето. Во полуфиналето кое се играше во кугларницата која сезонава е наш дом, Мусандра во Градскиот трговски центар Скопје избраниците на Драги Димитровски тренерот на КК Вардар, се сретнаа со најдобрите двајца куглари на нашиот ривал КК Макпетрол.
Нашите вардарци во ова соочување ги “збришаа“ пумпашите и закажаа меѓусебно финале. Во финалето ќе гледаме убав и опуштен дуел во кој ќе ги поделмиме “златото“ и “среброто“. Вардаровите момци се победници уште со пласманот во истото, титулата Шампион од ова натпреварување секако иде во витрините на Вардар. Саатницата се уште е непозната за финалето, за истата ќе ве известиме дополнително на ден пред истото, влезот на овој кугларски спектакал е слободен.
Едниот од вардарци не мируваше во меѓувреме, Влаќевски со 614 “соборени дрва“ во петокот обезбеди финалето на меѓународен кугларски турнир во Бачка Топола-Србија каде што настапуваше. Во саботата го одигра и финалето на турнирот се огранизира во “Функ Арената“.