Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ФК Вардар се ослободи официјално од Џон Обрегон
ФК Вардар се ослободи официјално од Џон Обрегон

ФК Вардар се ослободи официјално од Џон Обрегон

Официјално како што известуваат од црвено-црниот фудбалски колектив Џон Обрегон повеќе не е дел од нашиот тим. Тој од денес, понеделник 26 декември повеќе не е повеќе член на ФК Вардар. Со фудбалерот тимот спогодбено го раскина договорот, и тој може сега да си бара нова фудбалска средина.

Во оваа зимска пауза ова е втор играч на Вардар кој што во зимскиот преоден рок ќе си замине од редовите на црвено-црните после црногорецот Немања Мијушковиќ, со кој исто така имаше спогодбен раскин на соработката. ФК Вардар се засили со колумбискиот интернационалец во летниот преоден рок, тој  за Вардар одигра вкупно седум меча од кои три во Купот на РМ, два во Европа, во двомечот со Динамо Загреб во Лигата на шампионите и два во ПМФЛ. За време на престојот во Скопје тој постигна само  три голови,  сите тие беа во најмасовното фудбалско натпреварување, Купот на Република Македонија.