Македонската фудбалска селекција до 16 години во вторник четврток ќе гостува во Романија, каде ќе одигра пријателски натпревари со соодветната селекција на Романија.
За овие дуели, селекторот на Македонија, Звонко Златановски повика и четворица играчи од редовите на Вардар. Се работи за капитенот на вардаровата генер. “2003„ тоа е Петар Давидовски, како и голманот, Лука Стојковски кој е повратник во националната селекција. На списокот се најдоа и Андреј Стојчевски и Грегори Давков.