Рускиот напаѓач Максим Максимов ниту на утрешниот дерби натпревар против Шкендија нема да има право да конкурира за настап.
Покрај Максимов во тимот ќе недостасува и Барсегјан, за кој ова ќе биде втор натпревар во низа во кој нема да може да им помогне на своите колеги.
Покрај нив двајца, од поодамна е повреден и Исени кој исто така нема да конкурира за настап.
Се очекува Лира да биде во шпицот на нападот, а Брдаровски и Цветаноски да играат по крилните позиции.