Фудбалските репрезентации на Македонија и Црна Гора до 19 години одиграа со нерешен резултат, на нивниот втор контролен натпревар.
Селекцијата на Црна Гора први успеаа да го отворат резултатот, но Македонија постигна гол и израмни на 1:1, резултат кој беше и конечен на крајот.
Повторно Мартин Радуловиќ-Величковиќ и Виктор Крстевски се најдоа во стартниот состав, додека во игра ги видовме и Фисник Салиу и Александар Ѓурковски.