Грузија е последната пречка на патот кон континенталниот собир, нешто што фудбалската нација во Македонија го чека долги години. Пандев, Николов, Велковски, Спировски, Алиоски, Елмас и останатите момци се на само еден чекор до историја и пласман на Европското првенство.
Македонскиот народ со нетрпение го очекува овој дуел и ги брои последните часови до спектаклот. Друга шанса како оваа којзнае и кога ќе имаме, па токму затоа вечерва е денот ,,Д” за Македонија. Ние веруваме во нашите играчи и со нетрпение го очекуваме дуелот, а потоа сите заедно да славиме голема победа – како оние на ФК Вардар кога се пласираше во групната фаза на Лигата на Европа и секако оние незаборавни моменти кога РК Вардар стана шампион на Европа.
Македонија знае да се радува на големи успеси, но Македонија знае и како да игра кога е пред историска шанса. Затоа, вечерва сите навиваме за нашата Македонија!