Македонската фудбалска репрезентација до 16 години во периодот од 13-19.декември ќе одработи тренинг камп во Кичево.
Селекторот на оваа млада репрезентација, Вујадин Станојковиќ, повика и четворица играчи од редовите на Вардар. Се работи за Дарко Сековски, Нуман Ајетовиќ, Алтин Алији и Андреј Величковски.
Сите споменати се дел од помладите пионери на ФК Вардар и се меѓу стартерите во оваа генерација која се наоѓа на првото место во помладата пионерска Супер лига.