Македонија У17 и Косово одиграа без победник (1:1) на првиот од двата контролни натпревари на овие две млади репрезентации.
Домашната репрезентација имаше минимална предност по првото полувреме, но избраниците на Дашмир Беари во вториот дел го израмнија резултатот.
Четворица наши играчи забележаа настап на овој прв натпревар. Капитенот Лука Атанасовски и Емир Шаботиќ го одиграа цел натпревар, додека Милош Спасовски и Златко Радески влегоа во игра во второто полувреме.
Овие две селекции денес ќе го одиграат вториот контролен меч.