Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Четворица вардарци добија повик за настап во Македонија У19, за контролните дуели со БИХ
Четворица вардарци добија повик за настап во Македонија У19, за контролните дуели со БИХ

Четворица вардарци добија повик за настап во Македонија У19, за контролните дуели со БИХ

Македонската фудбалска репрезентација до 19 години на 12 и 14.февруари ќе одигра контролни натпревари со соодветната селекција на БИХ.

Мечевите ќе се одиграат на тренинг центарот „Петар Милошевски“ и ќе претставуваат подготовка за Елитната фаза од квалификациите за ЕП 2020 кои се играат во месец март. За овие дуели селекторот на Македонија, Горан Станиќ повика и четворица играчи од редовите на Вардар. Само тројца од нив ќе можат да се стават на располагање, се работи за Кристијан Китановски, Виктор Крстевски и Леонид Игнатов. Од составот ќе отпадне Дамјан Трајановски кој заработи тешка повреда на контролниот натпревар против ОФК Београд настапувајќи за младинците на ФК Вардар.

Првиот натпревар меѓу Македонија и БиХ се игра на 12 февруари од 13:00 часот, додека вториот е на 14 февруари од 11:00 часот.