Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Претстојниве два дена ќе се одиграат останатите натпревари од 11.коло во најсилната група Б од ЛШ
Претстојниве два дена ќе се одиграат останатите натпревари од 11.коло во најсилната група Б од ЛШ

Претстојниве два дена ќе се одиграат останатите натпревари од 11.коло во најсилната група Б од ЛШ

Претстојниве два дена ќе се одиграат и останатите три натпревари, во рамките на 11.коло во најсилната група Б од Лигата на Шампионите. Претходно, колото го отворија екипите на Кил и Вардар, поуспешен беше тимот од Германија кој славеше победа со резултат 34:23.

Дербито на колото ќе се одигра во Франција, каде Монпелје е домаќин на екипата на Киелце. Ова најверојатно ќе биде и борба за третото место во групата. Киелце е на третатата позиција со 12 бодови, додека Монпелје е место подолу со 11 бодови. Првиот дуел кој се одигра во Полска, го доби екипата на Монпелје со резултат 27:29. За овој меч, тренерот на Киелце, Талант Душебаев нема да може да смета на Игор Карачиќ кој ќе отсуствува во наредните три недели поради повреда здобиена од ЕП.

Уште еден интересен натпревар треба да одиграат екипите на Порто и Веспрем. Португалскиот Шампион е најпријатното изненадување оваа сезона во Лигата на Шампионите, екипа која без разлика на исходот од овој дуел е многу блиску до пласман во осминафиналето. Веспрем, со евентуална победа ќе остане во борба за првото место во групата кое носи директен пласман во 1/4 финалето.

Колото ќе го заокружат екипите на Мотор и Брест Мешков, кои во меѓусебен дуел ќе решат која екипа на крајот нема да заврши на последното место во групата. Со победа на една од двете екипи, ќе внесат мала неизвесност во последните три кола, што се однесува до она шестто место кое носи пласман во следната елиминациска рунда, на кое моментално се наоѓа тимот на Вардар. Поради домашниот терен, Мотор Запорожје е „благ“ фаворит, но шансите за триумф се подеднакви.

Порто – Веспрем  16:00  ( сабота)

Монпелје – Киелце  17:15  ( сабота)

Мотор Запорожје – Брест Мешков  17:00  ( недела)