Екипата на Вардар Јуниор во изминатиов период одигра два контролни натпревари како подготовка за пролетниот дел од сезоната во Супер лигата.
Избраниците на Стојан Петрушевски остварија една победа и пораз во дуелите со екипите на Вардар Неготино и РК Бутел. Двата меча се одиграа во спортскиот центар Јане Сандански. На првиот меч бевме поразени од екипата на Бутел со резултат 29:42, додека на вториот контролен дуел го совладавме тимот на Вардар Неготино со резултат 41:27.
Во понеделник во спортската сала во населбата Маџари ќе одиграме и контролен меч со екипата на РК Аеродром.