Македонија У17 со убедливи 3:0 (2:0) го доби првиот од двата контролни натпревари против соодветната репрезентација на Кипар.
Натпреварот на овие две млади репрезентации кој се одигра во Струмица заврши во корист на Р.Македонија која славеше висока победа.
За чиста мрежа на овој натпревар се погрижија и вардаровите стопери, Лука Атанасовски и Емир Шаботиќ кои ги одиграа сите 90.минути. Во вториот дел настап забележаа уште двајца наши играчи, се работи за Златко Радески и Милош Спасовски, кои исто така имаа свој придонес во добрата игра.
Двете репрезентации ќе одиграат уште еден пријателски натпревар кој е закажан за 24.август.