ФК Вардар објави на својата страница
Со огромно задоволство ја соопштуваме веста, дека од денес за нов тренер на ФК Вардар е назначен Александар Васовски – Тетовче, играчка легенда на клубот и човек под чие водство ФК Вардар ја освои последната шампионска титула во 2019 година.
Покрај него, во клубот се враќа и големата спортска легенда Ѓокица Ѓоко Хаџиевски, најтрофејниот Вардаров тренер и човекот кој со “црвено-црните” има освено вкупно пет шампионски титули и два национални купа. Веруваме дека со неговото богато интернационално тренерско искуство и знаење, ќе биде од огромна помош за тренерот Васовски, но и за целокупниот тим.
Особено не радува искрениот пристап на двајцата тренери, кои веднаш и без размислување ја прифатија понудата на клубот. Сметаме дека спојот на професионализам и искуство и на желбата и знаењето, ќе биде темелот врз кој во понатамошниот период ќе се развива клубот, градејќи го постепено потребниот победнички менталитет.
Првиот официјален натпревар за тренерот Васовски, како и за Ѓоко Хаџиевски ќе биде веќе во среда, против екипата на Силекс, кој нашиот Вардар ќе го одигра на стадионот “Борис Трајковски” во населбата Маџари, со почеток од 16:30ч
Ги покануваме сите навивачи на клубот да присуствуваат на натпреварот, да ги поздравиме како што доликува големите Вардарови легенди и да им дадеме поддршка на нашите фудбалери, за да стигнат до првата победа.
Обединети се бориме, за клубот на народот!
#ЕденЖивотЕднаЉубов
#СитеЗаедноЗаКлуботНаНародот