Македонската фудбалска репрезентација до 14 години ќе ги одигра своите први контролни натпревари.
Оваа новоформирана фудбалска селекција на Македонија составена од играчи родени 2008 година, на 10 и 12.мај во Умаг ( Хрватска) ќе ги одмери силите со соодветната репрезентација на Словенија.
После одржаниот тренинг камп во Кичево, селекторот Раде Каранфиловски за дуелите со Словенија повика четворица играчи од Вардар. Тоа се Павел Грбевски, Матео Кесиќ, Христијан Јевтоски и Душан Бојовиќ.