Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар го доби Силекс, патникот во баражот ќе се решава во последното 27.коло
Вардар го доби Силекс, патникот во баражот ќе се решава во последното 27.коло

Вардар го доби Силекс, патникот во баражот ќе се решава во последното 27.коло

Се ќе се решава во последното коло во Втората Лига-Запад, што се однесува до екипата која ќе игра бараж за пласман во Првата Лига, каде веќе се пласира екипата на Силекс.

Во рамките на 26.коло, Вардар успеа со голот на Иван Николов да го победи тимот на Силекс и на тој начин се уште да се надева дека може на крајот да заврши на втората позиција. Во ова коло победа оствари и Воска која на домашен терен беше подобра од Беса (3:0).

Во рамките на последното 27.коло кое на програмата е претстојниов викенд, Вардар гостува кај екипата на Кораби, додека Воска патува во Кратово каде ќе биде гостин на Силекс.

За Вардар опција е само победа против Кораби, како и триумф на Силекс над Воска.