Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Стојилевски, Дошев, Величковски и Серафимов ќе го носат националниот дрес, на претстојните контролни натпревари со Романија
Стојилевски, Дошев, Величковски и Серафимов ќе го носат националниот дрес, на претстојните контролни натпревари со Романија

Стојилевски, Дошев, Величковски и Серафимов ќе го носат националниот дрес, на претстојните контролни натпревари со Романија

Македонската младинска фудбалска репрезентација до 18 години денес замина за Романија, каде во претстојниов период ќе одигра пријателски натпревари со соодветната репрезентација на оваа земја.

Натпреварите ќе бидат одиграни на 8. и 10.август со почеток од 20:00 часот. За овие натпревари, селекторот на Македонија, Тони Јакимовски, повика четворица играчи од Вардар. Се работи за Марко Стојилевски, Ѓорѓи Дошев, Никола Величковски и Давор Серафимов, сите беа дел од подготовките на сениорската екипа на Вардар во Охрид.