Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Панчев жали зошто Вардар не игра на „Градски“
Панчев жали зошто Вардар не игра на „Градски“

Панчев жали зошто Вардар не игра на „Градски“

Македонската легенда Дарко Панчев во интервју за „Индекс.хр“ направи споредба со стадионите на Динамо, Црвена Звезда и на Хадук со Градскиот стадион на кој играше Вардар.

Тие стадиони, исто како и клубовите, беа и другите брендови на Белград, Загреб и Сплит. Кај нас се е поинаку. Градскиот стадион во Скопје беше стадионот на Вардар повеќе од половина век. Пред неколку години беше направен пробив. Стадионот е модернизиран и постигнат е напредок во сите критериуми. Сепак, Вардар веќе нема никаква врска со тој стадион. Веќе не ни игра на него. Како е можно? Неверојатно, но вистинито – вели Панчев.

-  Можеби токму од оваа сезона Вардар ќе се врати онаму каде што припаѓа, на Градски. Има нешто според нашите информации.