Македонската фудбалска репрезентација до 16 години се наоѓа во Турција, во градот Белек, каде ќе остане до 25 февруари и ќе одржи мини подготовки.
Ќе бидат и одиграни два контролни натпревари на 22 и 24.февруари со селекцијата на Русија.
За овие дуели, селекторот на Македонија, Тони Јакимовски, повика и четворица играчи од редовите на Вардар. Станува збор за Марко Стојилевски, Зоран Фидановски, Арбин Курти и Никола Величковски.