Вчера, РК Вардар 1961 беше поразен минимално со резултат 34-33 на гостувањето против ПИК Сегед во Лигата на шампионите. Двајцата хрватски интернационалци во нашите редови дадоа видување на овој напревар:
Јотиќ: Најпрво, честитки уште еднаш за ПИК Сегед за победата. Ги добија двата натпревари со нас, а ние заслуживме барем еден поен на овие средби. И на двете средби имавме две добри полувремиња, но во вторите полувремиња правевме грешки во нападите. Мора да продолжиме понатаму и се надевам дека ќе дојдеме до посакувани резултати во следните натпревари.
Чупиќ: ПИК Сегед победи заслужено иако игравме добро на мечот. Заслужено одржувавме предност, имавме добра одбрана во вториот дел но исто така грешевме, што домашните ракометари го казнуваа. Мора да кажам дека играме против одлични тимови со далеку поголеми буџети и тоа доаѓа до израз. Нам ни требаат повеќе ракометари од клупа кои ќе помогнат во текот на натпреварот. Во моментов ги немаме, но ќе се бориме уште повеќе на секој следен натпревар