Утре во Дојран, меѓусебен контролен натпревар ќе одиграат младинските фудбалски репрезентации до 17 и 18 години. Од денес па се до 20-ти август репрезентацијата до 17 години ќе се наоѓа во Дојран каде ќе ги одработи подготовките, за квалификацискиот турнир кој се игра во Скопје, за претстојното Европско првенство. Како што објавивме во составот на оваа селекција која ја предводи Горан Станиќ се повикани двајца играчи на Вардар. Се работи за голманот Матеј Андов и Џемал Ибизи.
Тие утре ќе одиграат пријателски натпревар со една година позвозрасната репрезентација на Македонија, која пак ја предводи Добринко Илиевски. Во повиканите играчи за репрезентацијата до 18 години се најдоа, голманот Методија Велковски, потоа Филип Антовски, Јовица Радевски и Виктор Пешевски.