Комитите организираат нов караван, овој пат на ден пред натпреварот против Фенер. Во нивното соопштение се вели:
И ПОВТОРНО НАЈЈАКО !!!
“Елате при нас, браќа да си слејме душите и срцата и да се спасиме, та ние и нашата чељат и пречељат да живејат мирно, да си работат спокојно и да напредуат”
Излезете заедно да ја најавиме одбраната на Вардаровата република, да ги поздравиме борците, да залиеме и да се помолиме пред големиот бој
Слобода или Смрт”
ДА ГО РАЗБУДИМЕ СКОПЈЕ, ДА ЈА РАЗБУДИМЕ МАКЕДОНИЈА !!!
среда, 20:00ч, последна 5ка, Н. Лисиче !!!