Четврто место за генерацијата “2007“ на ФК Вардар, на турнирот “Пирин Куп“, кој овие четири денови се играше во градот Сандански. Во малото финале, Вардар беше минимално поразен од екипата на ЦСКА Софија, со резултат 1:0.
На целокупниот турнир одигравме вкупно шест натпревари, на кои забележавме четири победи и два порази, кои дојдоа во завршницата на турнирот. Успеавме да триумфираме во дуелите со екипите на Локомотив Софија (4:1 ) , Марек Дупница (4:0), ОФК Софија ( 8:0) и во четврфиналето против Локомотив Софија 2 (6:0). Во полуфиналето бевме поразени од екипата на Метал Перник (1:2) и денес во финалето од ЦСКА Софија (0:1).
Вардар на турнирот постигна вкупно 23 голови, додека примија 5 голови. Најдобар стрелец во нашиот состав беше Стефан Младеновски со дури 11 голови, или речиси половина од вкупниот број. Александар Грашески, Борјан Томовски, Матеј Киш и Никола Јовановски беа стрелци на два гола, додека по еднаш во листата на стрелци на турнирот се запишаа и Петар Мицевски, Златко Радески, Милош Спасовски и Алексеј Ивановски.