Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Јуниор лига: РК Ангели, Карпош Вардар и РК Урдаревски победници во машка категорија кај генер.2004/05
Јуниор лига: РК Ангели,  Карпош Вардар и РК Урдаревски  победници во машка категорија кај генер.2004/05

Јуниор лига: РК Ангели, Карпош Вардар и РК Урдаревски победници во машка категорија кај генер.2004/05

Утрово во С.Р.Ц. Кале продолжија натпреварите од ракометната “Јуниор“ лига во пролетниот дел од сезоната. Кај генерација родени 2004 и 2005 година во машка категорија се одиграа три дуела по кои беа познати победниците, екипите на РК Ангели, РК Карпош и РК Урдаревски.

Екипата на РК Ангели Вардар од Скопје во дуелот со тимот на РК Општина Кисела Вода Вардар дојде до победа со резултат 26-13.  Ангели на стартот поведоа со 3-0, потоа следеше игра гол за гол на на средината од првиот дел водеа со 7-4.  Во втората половина од првиот дел успеаа со активна игра да ја удвојат нивната предност и на одмор да заминат со “плус шест“ односно со резултат 15-9.

Вториот дел почна повторно со доминација на Ангели, тие од минута во минута ја зголемуваа предноста на оваа средба. Во 12.минута се одлепија првпат на двоцифрена разлика, поведувајќи со 21-11 на овој дуел и најавија висока победа. Се до крајот беше рутина тие триумфираа со резултат 26-13, кај нив прв стрелец беше Станојоски со 4 гола, Аџевски и Миленковски кај поразените имаа по 3 погодоци.

Екипата од Куманово, РК Карпош Вардар дојде до победа во дуелот со тимот на РК Филип од Прилеп, тие триумфираа со 29-15. Први со четири гола за предност со 4-0 дуелот го отворија кумановчани, прилепчани се обидоа да фатат приклучок потоа но не им успеваше.  Од минута во минута РК Карпош Вардар аја зголемуваше разликата па на одмор отиде со комотни осум гола предност, тие заминаа на пауза со резултат 14-6 во нивна корист.

Вториот дел почна како што заврши и првиот со целосна доминација на кумановци, тие по 5.минути игра поведоа со двоцифрена преднос, 20-10. Се по ова беше само прашање на рутина и техника како ќе го привршат овој дуел до крајот момците од РК Карпош. Тие победија со резултат 29-15, кај нив се истакна Димевски со 12 гола, кај празените Димчевски имаше 3 погодоци.

Во најнеизвесниот дуел во оваа категорија РК Урдаревски од Скопје го победи РК Делчево Вардар со 18-15. Први поведоа на дуелот делчевци со 0-1, потоа со серија 7-0 скопскиот тим го презема водството на средбата. Тие повеодоа со високи 7-1, следеше  игра гол за гол оваа комотна предност ја чуваа се до полувремето каде заминаа со предност од 13-6.

Вториот дел беше сосема различен на почетокот од првиот период, Делчево беше фуриозен и се обиде да фати приклучок кон скопјани. Тие со серија 1-5 намалија на 14-11 и внесоа голема неизвесност во дуелот. Тие се обидуваа да ја анулираат до крајот оваа предност од три гола на скопјани кои недозволиа да се случи изненадување на мечот. Тие победија со 18-15 .кај нив прв стрелец беше Максимовски со 4 гола, Димитровски кај поразените имаше исти ефект.