Годинава во период од 22-24 октомври ќе се одржи второто издание меѓународниот турнир “Кул куп 2016“ . Во него ќе земат учество две вардарови генерации. Генерацијата родени 2007 и помали и генерацијата 2006 и помали ќе учествуаат од нашите генерации на овој силен турнир.
Лани исто така овие две генерации играа на истиот турнир и имаа одлични резулати на истиот. Фк Вардар генерација “2006“ која тогаш беше предводена од поранешниот репрезентативец Игор Кралевски, на убедлив начин го освои првото место. Со вкупно шест победи и ниту еден пораз, црвено-црната машинерија на Кралевски се најде на тронот. Годинава истата генерација ќе се обиде да дојде до “златото“ повторно под водство на Филип Арсовски кој е назначен за кормилар на овие момци на почетокот од оваа сезона. Шампионот на детската лига за изминатата сезона генерацијата “2007“ која ја предводеше тренерот Томче Трајановски лани настапуваше со две свои екипи. Едниот тим на Вардар го освои на крај третото место. Годинава тие се под водство на фудбалскиот педагог Зоран Петковски. Во двете генерации годинава на турнирот ќе настапиме со по една екипа. Во продолжение распоредот на овогодинешното издание.