Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар прес! Тимот во петок ќе го води “тренерскиот троец“ Станковски, Кокшаров и Самсоненко. Годинатва повторно цел е титулата во Л.Ш
ЖРК Вардар прес! Тимот во петок ќе го води “тренерскиот троец“ Станковски, Кокшаров и Самсоненко. Годинатва повторно цел е титулата во Л.Ш

ЖРК Вардар прес! Тимот во петок ќе го води “тренерскиот троец“ Станковски, Кокшаров и Самсоненко. Годинатва повторно цел е титулата во Л.Ш

Пред нас во петок е нов предизвик во ЕХФ Лигата на шампионите, тоа е дуелот од  2.коло од Б групата со екипата на Лајпциг. По тренерската смена на нашата клупа денес пред мечот  тимот во  проширен состав имаше прес конференцијата . Покрај очекувања за мечот од  клубот информираа и за : последните промени во тимот, идните планови, и за очекувањата од натпреварот што следи. Одлучено е дека се до  назначувањето на нов тренер, чија процедува за избор е во тек, во работата со екипата ќе бидат Аце Станковски, Едуард Кокшаров и Сергеј Самсоненко. Германскиот тим доаѓа во Скопје по пораз во Русија од Астраханочка, а Вардар посакува по смената на тренерската позиција да ја оствари првата победа во новата сезона. Свое согледување изнесе Гордана Нацева претседателот на клубот:

Клубот одлучи да ја прекине соработката со нашиот тренер Индира Кастратовиќ, за што бевте известени. Не бевме задоволни од стартот во Лигата на шампиони, имавме неубедлив старт и неочекуван изгубен бод на домашен терен. Клубот оцени дека е потребен одреден потег кој ќе го засили тимот и ќе се фокусираме на главната амбиција на тимот а тоа е да играме финале во Лигата на шампиони. Никогаш не е лесно да се донесе ваква одлука, но таа е во функција на високите амбиции на нашиот клуб и се надеваме дека по одлуката брзо ќе се консолидираме сите. Во однос на Индира имам и професионална и лична потреба да кажам дека Индира е од самиот почеток во клубот, од почетокот на проектот Вардар, и се вложи максимално и како човек и како тренер во функционирањето на клубот. Покажа максимална коректност и чесност во однос на извршувањето на своите обврски. Остави зад себе пријатели во тимот и во Вардар, а изгради и човечки и професионални односи со сите во клубот и тоа го респектираме. Индира остави белег од настапот на овој Вардар на домашно првенство и од првата титула на која се радувавме во националното првенство до сите успеси до мај годинава. Вградена е и клубот го респектира тоа. Клубот не се откажува лесно од луѓето кои биле дел од Вардар. На Индира ѝ понудивме да остане во структурата на Вардар и да го имаме како придобивка нејзиното искуство што го стекна овие години. Се надеваме дека Индира ќе прифати да остане дел од семејството Вардар. Во однос на натпреварот со Лајпциг пред стартото на второто коло, се надевам дека клубот бргу ќе се консолидира од она што беше наш прв неубедлив настап. Сите сме фокусирани за таа цел, но после еден ваков неочекува пораз мора да бидеме внимателни. Се надевам дека Вардар ќе ја извојува првата победа. Потребно е да се соземеме и да избојуваме победа.

Човекот кој досега беше  помошник во тимот,  тренерот Аце Станковски останува дел од стручниот штаб,  тој ја презенираше состојбата во ростерот на црвено-црните:

Претходниот натпревар изгубивме два бода што не ни беше во математиката. Но, не се навраќаме, сакаме да одиме напред. Продолживме со тренинзи. Се консолидиравме и имаме помош од тренерот на машката екипа Давид Дејвис. Девојките ја согледаа целата ситуација со ФТЦ, и желни се за победа. Максимално ќе се ангажираат на следниот натпревар со Лајпциг, ќе дадат сѐ од себе да ја извојуваме првата победа во овој дел од Лигата на шампионите. Имаме мали робелми оваа недела со Барбара Лазовиќ и Тамара Мавсар кои имаат стомачен вирус, и Андреа Кликовац , поради очен вирус, нема да биде во стартниот состав. Но со анализи и гледани видеа за екипата верувам дека ќе изводјуваме победа. Ние сме квалитет во нив. Не треба да мислиме дека е слаба екипа, има рејтинг, но сепак треба да сметаме дека сме над нив.

 Андреа Пенезиќ  и Ина Суслина беа двете ракометарки кои на прес конференцијата ги искажаа ставовите на играчкиот кадар за петочниот предизвик во шампионската лига:

-Се сложувам со Аце. Сакам да кажам дека Лајпциг не е лоча екипа но нашиот квалитет е повисок. Ветувам само победа. Анализа работиме, со Дејвис, независно што се случи со Индира, тоа е одлука на клубот, наша задача е да ги земеме овие два бода, изјави Ина Суслина.
-Со оглед на новонастанати околности во клубот, независно, ние сме професионалци и мора работата да ја одработимедо крај. За сега Аце и Дејвид ни се тренери, не ни останува друго освен во петок да победиме и конечно освоиме два бода во Скопје, вели Пенезиќ

На пресконференцијата присуствуаше и сопственикот на клубот, г-н Сергеј Самсоненко кој одговараше и на новинарските прашања во врска смената на тренерот Индира Кастратовиќ, и одлуката по првото коло во лигата на шампионите да се направи смена во стручниот штаб.  Во петок на натпреварот со Лајпциг ќе има тренерски троец, кој ќе ја води екипата.

Ние мислевме дека се ќе биде во ред. Ќе имаме добра игра, дека можеме без проблем да победуваме особено пред домашна публика, и очекувавме сосема друга игра. Видовме дека нешто не чини. Апсолутно се сложувам со се што каажа претседателот на клубот Гордана Нацева во однос на Индира Кастратовиќ. Тоа што има професионално незадоволство од страна клубот е така. Но, ние ја сакаме Индира. Четири години бевме заедно, ни беше тешко да донесеме ваква одлука. Тоа е спорт и треба малку професионално да гледаме. Индира ќе остане дел од нашето семејство, вели Самсоненко. Од саботата кога беше донесена одлуката за смена, почнавме да размилсуваме и бараме. Тоа не беше планирано. И ни треба време. Сега се прават анализи и преговори со тренерите. Јас предложив да направиме тренерски тим, од Аце Станковски, Едуард Кокшаров, и јас како помош во координација. Нема да има главен тренер, туку тим. Одговорноста за резултатите и игра јас ја превземам врз мене. Ако играме лошо моја ќе биде одговорноста. Се трудиме побрзо да најдеме кандидат што ќе ја преземе екипа. Би сакал да потврдам дека побаравме помош од Давид Дејвис, помошникот во машкиот тим бидејќи по наша проценка, лани освен тој лош полуфинален натпревара на Ф4, што за мене и сите беше срам како игравме, на другите мечеви игравме добро. Затоа побаравме помош на неколку денови, бидејќи тој има други обврски. Се надевам дека брзо ќе имаме нов тренер. Сега не можам да ви кажам, не сакам да погрешам во изборот на нов тренер. Од наша страна ќе дадеме се, да биде среќна и екипата и публиката. Сакам посебно да и се заблагодарам на публиката бидејќи на првиот меч со ФТЦ ни даде добра подршка. Би ги поканил да не подржат, а ние ќе се потрудиме да уживаат во натпреварот и да редиме победи, вели Самсоненко.