Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар го победи Влазерими и се пласираше во 1/4 финалето
Вардар го победи Влазерими и се пласираше во 1/4 финалето

Вардар го победи Влазерими и се пласираше во 1/4 финалето

Вардар по втор пат го совлада тимот на Влазерими од Кичево и се пласираше во 1/4 финалето од Купот на Македонија. Попладнево нашите играчи го победија второлигашот од Кичево со резултат 2:0 (1:0).

ВАРДАР: 1. Алексовски, 6. Грнчаров (46′ Попов), 7. Љамчевски, 8. Спировски, 9. Блажевски (71′ Обрегон), 11. Асани (64′ Брдаровски), 14. Велковски, 20. Николов, 21. Новак, 87. Грозданоски, 97. Петковски.  Резерви: 90. Гачевски, 3. Попов, 5. Велкоски, 32. Глишиќ, 77. Брдаровски, 80. Обрегон.

ВЛАЗЕРИМИ: 12. Адили, 2. Тафе, 4. Зеќири, 6. Цуцули, 7. Имери, 9. Хасан, 10. Ибраими, 11. Дани, 17. Исмаиљи, 19. Алиу, 20. Османи.

Вардар се закани уште во првата минута од натпреварот преку Бобан Николов кој биеше но топката удри во еден од противничките играчи и заврши во корнер. Во треттата минута од натпреварот своја шанса имаше и Блажевски кој биеше прецизно но голманот Адили одби во корнер. Се играше 20 минута од натпреварот, а Вардар дојде до предност од 1:0 со голот на Петар Петковски. Петковски доби одлина топка од Блажевски, и со глава ја смести во мрежата на гостинот. Во 23 минута Петковски имаше уште една одлична можност за гол, биеше одлично, но неговиот удар заврши во стативата од голот на Адили. Потоа во 43 минута Асани имаше голема можност да го зголеми водството, излезе сам пред Адили, но биеше многу лошо само во голманот на гостите. Првиот дел заврши со резултат 1:0.

popov-fkvardarВо 46 минута од мечот првата замена беше извршена во нашиот тим. На местото на капитенот Бобан Грнчаров во игра влезе Горан Попов. Во 53 минута од натпреварот Дарко Велковски се обиде со шут од 15-сетина метри, но неговиот удар заврши покрај голот. Во 58 минута гостинот прв пат се закани денеска. Исмаиљи центрираше, но Грозданоски ја отстрани оваа опасност. Во 64 минута во игра влезе и Владица Брдаровски на местото на Јасир Асани. Во 71 минута од натпреварот беше извршена и третата замена во нашиот тим. На местото на Дејан Блажевски во игра влезее Џон Обрегон. Во вториот дел ништо позначајно не се случуваше пред голот на гостинот. Во 77 минута од натпреварот Бобан Николов упати еден одличен удар од 15-сетина метри, но неговиот удар го одбрани голманот на гостите. Во 81 минута Вардар поведе и со 2:0 стрелец на голот беше Џон Обрегон кој ја искористи грешката на еден одбрамбен играч на Влазерими и рутинирано погоди за 2:0.  Во 84 минута жолти картони заработија Николов и Тафо. Крај на натпреварот 2:0.