Wednesday ,03 March 2021
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Младинците на ФК Вардар без шанси за триумф и на реваншот на арената “Филип втори“
Младинците на ФК Вардар без шанси за триумф и на реваншот на арената “Филип втори“

Младинците на ФК Вардар без шанси за триумф и на реваншот на арената “Филип втори“

Младинците на фудбалскиот клуб Вардар се поразени и на реванш натпреварот во рамките на младинската лига на шампиони. Црвено-црните доживеа нов пораз вечерва на арената “Филип втори“ со резултат 0:3.

По првото полувреме резултатот беше оној почетниот 0:0. Вардарци се држеа се до 68 минута кога започна серијата на погодоци во нашата мрежа. Салцбург успеа во 69 минута да го отвори резултатот и да поведе со 0:1. Шампионот на Австрија не се задоволи со овој резултат, па до крајот на мечот уште на два наврати го матираа нашиот голман. За само две минути, во 84 и 86-та зголемија на 0:3, што се покажа како конечен резултат.

За Вардарци останува да се сконцетрираат на настапите во првенството и купот, каде го браниме трофејот од лигата. Оваа сезона и купот е голема желба за нашите младинци, кој се надеваме дека нема да го испуштиме

Тренерот Марковски вечерва стартуваше со следниве 11-сетмина: Трајчевски, Ричков, Исмаил, Личина, Т. Тодоровски, Димитровски, Додевски, Стојчевски, Беќири, Димков, Даци.

Во игра во вториот дел влегоа уште и Најдоски, Дишлиевски и Б. Тодоровски