Црвено-црниот фудбалски колектив утре ( 20 јануари) заминува во познатиот зимски центар за подготовки Анталија во Република Турција. Црвено – црните во Анталија според планот ќе останат се до 14 февруари. Вардарците ќе бидат сместени во луксузниот хотелски ресорт „Калиста“. Во истиот ќе бидат за време на целиот 25-дневен период. Анталија како и години наназад е база во која ФК Вардар се подготвува за пролетните искушенија во македонскиот фудбалски шампионат.
Според досега прецизираниот план за подготовки закажани се 5 тест-меча во Турција. Избраниците на шефот на стручниот штаб Гоце Седлоски ќе ги одмерат силите со следните противници во Анталија:
- 28 јануари: Вардар – Вил 1900 од Швајцарија;
- 5 февруари: Вардар – Слован Либерец од Чешка;
- 08 февруари: Вардар – Металист Харкив од Украина;
- 12 февруари: Вардар – Черноморец Одеса од Украина.
Дуелот со тимот на Волфсбергер е закажан за во 15:30 часот по локално време. Истиот ќе се игра на терените на хотелскиот комплекс „Титаник Бич Лара“, а пак за останатите мечеви ќе бидат дополнително утврдени терените и термините на нивно одигрување.