Денес финишираше второто издание на турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“ кој изминатиов период се играше во четири сали во Скопје. Во генерација родени 1998/99 година во женска конкуренција, првото место го освоија младинките на Жрк Вардар. Нашите девојки во финалето беа далеку подобри од екипата Ѓорче Петров, со конечен резултат од 20:13. Претходно беа забележани уште две победи.
-Нашата екипа веќе втора година го игра турнирот на Вардар, за кој се надевам дека ке прерасне во традиција и за разлика од предходната година имаме голем напредок, кој верувам нема да застане на ова ниво односно дека ќе расте секоја година. Како и минатата година и оваа, нашата екипа го освои првото место и мислам дека беше заслужено бидејќи бевме најкомплетната екипа на теренот,а тоа го докажавме во трите натпревари кои ги одигравме на овој турнир, како и од наградите што ги добивме бидејќи во нашиот тим беа најбројни. Јас сум задоволна од прикажаното од целата екипа, иако верувам дека секогаш може подобро и ќе се стремиме кон тоа.
Ана Станикевска се најде во идеалниот тим на завршниот турнир, како најдобро десно крило.
-Наградата што ја добив за најдобро десно крило на овој турнир многу ме израдува, бидејќи претставува голем мотив за мене за да продолжам во иднина да работам уште понапорно, повеќе да напредувам и мојата игра да оди во нагорна линија, изјави Ана Станикевска за нашиот сајт.
Звонко Ивановски