Во еден квалитетен и неизвесен натпревар до самиот крај, генерацијата на ФК Вардар родени “2004“ година го загубија полуфиналето против екипата на ЦСКА Софија, на турнирот “Пирин Куп“. Домашната екипа од Бугарија, славеше минимално со резултат од 2:1.
Иако Вардар беше тој што успеа да го отвори резултатот на 0:1 со голот на Георг Стојановски, до крајот на натпреварот ЦСКА Софија се покажа како посилна и со два гола, направија резултатски пресврт и успеаа да обезбедат финале, кое на програмата е во текот на утрешниот ден, како и мечот за третото место во оваа возрасна генерација. На полувреме резултататот беше нерешен 1:1, за во второто полувреме, противникот да постигне втор гол и да поведе со 1:2, резултат кој на крајот се покажа како конечен на ова полуфинале.
Во борба за бронзениот медал, избраниците на Кралевски ќе играат со екипата на Розова Долина.