Денес на теренот на Академијата, пријателски натпревар одиграа пионерите на ФК Вардар и Работничи. Поуспешни беа вардарци, кои на еден ефикасен натпревр, со дури 12 голови, успеаа да слават со резултат од 8:4.
Тренерот Ѓорѓиевски стартуваше со следниве 11-сетмина: Андов, Николов, Манасиевски, Бојковски, Зендели, Трајановски, Речица, Хасановиќ, Ристовски, Курти.
Екипата на Работнички за само шест минути игра имаше водство од 0:2 и тоа со погодоци за две минути. Првиот гол беше со глава по нафрлена топка од десната страна, невнимание во нашата одбрана, кој остави слободен противнички играч да бие со глава и да го совлада Андов. По една минута стигна и вториот гол за гостинот за веќе предност од 0:2 на стартот од натпреварот. Сепак ова не ги обезхраби вардарци, кои до крајот на првото полувреме направија целосен резултатски пресврт и го надиграа противникот. Хасановиќ од левата страна се сам направи, проигра до Ветон, а овој умешно погоди за намалување на резултатот на 1:2. Веднаш се закани и Работнички, но овој пат Андов успешно брани и можеме да кажеме дека спасува чист гол. Вардар успева набргу да го израмни резултатот на 2:2, со голот на Филип Манасиевски.
На голот претходеше слободен удар, кој го изведе Давид Ристовски кој ја погоди стативата, но одбиената топка стигна до Манасиевски, кој не грешки и се запишува во листата на стрелци. Во следните минути обид имаше и Хасановиќ, кој бие само во рацете на добро поставениот голман на Работнички. Добра прилика имавме, кога при една акција од десната страна, нафрли Зендели, но неговиот соиграч, Курти беше прекраток во ударот да постигне гол. Сепак до крајот на првото полувреме, избраниците на Ѓорѓиевски со гол ја крунисуваат добрата игра, кога целосен пресврт направи Малик Хасановиќ.
“Дожд“ од голови и во второто полувеме, кое само што започна гол за Вардар и тоа за Матеј Николов, кој го големи резултатот на 4:2. Се редеа шансите пред противничкиот гол, а добра прилика не искористува и Ветон, кој излегува сам со голманот, но овој е поуспешен и спречува поголема негатива за својот тим. На другата страна се закани и Работнички, кој бие од слободен удар, но одлично брани нововлезениот голман во нашиот состав, Петковски. Сепак гостинската екипа во следната акција успева да го намали резултатот на 4:3, откако од прва одбрани Петковски, но од одбиената топка, на втора наиде еден од противничките играчи и ја смести топката во мрежата, за намалување на 4:3.
Вардар во следниот период од натпреварот враќа со два гола, најпрво на 5:3 зголемува Ветон, кој на асистенција од Ибиши, го постигнува вториот гол на натпреварот. Истиов играч стигна до хет-трик, на денешниот дуел, откако со лоб удар го совладува голманот на Работнички, за зголемена предност од 6:3. Погодоците не изостанаа и во следните минути. Четврти гол за противникот со кој намали на 6:4, а во последните десет минути од дуелот, нашите надежи постигнаа уште два гола. Најпрво на 7:4, зголеми Малик Хасановиќ, за конечните 8:4 во последната минута да ги постави, Самир Хасиќ, кој е успешен од белата точка.
Во второто полувреме, шанса за игра добија сите играчи, кои денес беа на располагање на тренерот Ѓорѓиевски.