Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Денес ФК Вардар го дознава својот противник во 1/8финалето од Купот на РМ
Денес ФК Вардар го дознава својот противник во 1/8финалето од Купот на РМ

Денес ФК Вардар го дознава својот противник во 1/8финалето од Купот на РМ

ФК Вардар денес ќе го дознае својот следен противник во купот на земјава . Со почеток во  13-00 часот во салата за пресконференции во Фудбалската федерација на Македонија ќе биде извршено ждребување за двојките во втората 1/8 финална рунда во купот на Македонија.

Во оваа 1/8 финална рунда се играат за разлика од 1/16 финалето  два меча (дома-гости) и не постојат носители во ждребот . Можни противници се сите тимови кој минаа во минатата фаза од купот , а тоа се: Работнички, Пелистер, Брегалница, ФК Скопје , Влазними , Ренова, Турново , Љубанци, Слога, Металург , Младост Ц.Д , Гостивар, Силекс, Македонија Ѓ.П  и тетовска Шкендија. За подсетување во ланскиот куп во 1/8 финалето во двомечот ја минавме Шкендија а во 1/4 финалето бевме несреќно исфрлени од другиот тетовски состав ФК Ренова со гол повеќе во гости на “гипсарите“. Во Скопје победивме со 3:1 а бевме на гости поразени со 2:0.