Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Во борба за првиот трофеј во новата сезона, против екипата на Ростов Дон
Во борба за првиот трофеј во новата сезона, против екипата на Ростов Дон

Во борба за првиот трофеј во новата сезона, против екипата на Ростов Дон

Во големото финале на првото издание на “Вардар турнирот“ ќе играат нашиот шампион и екипата на Ростов Дон. Откако вчера Русинките ја забележаа и втората победа во групата, си обезбедија пласман во финалето. Ова ќе биде трет меѓусебен натпревар помеѓу Вардар и Ростов, за многу краток период. Серијата дуели со овој противник започна на “Букурешт трофеј“ во борба за третото место. Тогаш Вардарки славеа со резултат 33:27. Вториот контролен натпревар се одигра тука во Скопје, како увертира на она што следеше на турнирот. Уште една победа за избраничките на Инди и Питлик, овој пат резултатот беше 34:27. Кој ќе биде поуспешен во третиот меѓусебен дуел, ќе можеме да погледнеме вечерва со почеток од 20 часот во С.Ц. Јане Сандански.

Вардарки во групата беа убедливи, забележувајќи две победи. Во првиот меч против Лајпциг (37:25) и против Подравка ( 25:19). Ростов исто така со два триумфи, со Будуќност ( 26:22) и Савехоф (25:20), обезбедија пласман во ова финале. Најголема опасност по нашиот тим ќе доаѓа од Екатерина Давиденко, Манагарова, Анна Сен и секако од Норвешката репрезентативка на голот, Катрин Лунде. Вардар прикажа одлични игри на овој турнир и се смета за голем фаворит во финалниот меч. Ќе се брка првиот трофеј во новата сезона и тоа во својата сала, пред домашната публика. Црвено-црните се во одлична форма и комплетни го дочекуваат овој дуел. Единствено што недостасува е подолго отсутната Јованка Радичевиќ.