Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Јована Мицевска во наредниов период ќе тренира со вториот тим на Вардар јуниор
Јована Мицевска во наредниов период ќе тренира со вториот тим на Вардар јуниор

Јована Мицевска во наредниов период ќе тренира со вториот тим на Вардар јуниор

Добрите настапи  во изминатата сезона за младинските категории на Вардар, беа добра препорака за тренерот Симе Симовски да ја повика Јована Мицевска да тренира со вториот тим на Жрк Вардар. Оваа млада надеж на Македонскиот ракомет е добро позната за спортската јавност и по нејзините неколку настапи во првиот тим, каде доби шанса да застане на голот покрај една Суслина и Лејно. На неодамна завршеното Европско првенство за кадетки, прикажа одлични игри на голот на Македонската репрезентација на неколку натпревари.

Мицевска ги одбработи половина од подготовките со овој тим на Копаоник, а ќе продолжи да тренира и во следниов период. Нејзината работа и труд полека исплива на површина. Оваа година долго ќе ја памети, бидејќи и донесе само убави работи на спортски план. Најпрво во јануари на турнирот-Вардар“ еден живот една љубов“ ја доби наградата за најдобар голман во својата категорија. Продолжи со одлични игри во кадетската и младинската екипа на Вардар, каде бележеше убави моменти. Кастратовиќ не остана рамнодушна на нејзините настапи и реши да и даде можност во составот, на неколку мечеви во супер лигата.

Изненадувањата тука не застанаа, откако Александар Царчев и Симе Симовски ја повикаа да работи со Вардар јуниор се до почетокот на новата сезона. Нас не радува нејзиниот успех, но и голем талент кој му се неопходни на Вардар и Македонскиот ракомет во иднина.