Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Кристијан Чурлинов: На овој дерби дуел, ќе влеземе мотивирано и ќе гледаме да победиме
Кристијан Чурлинов: На овој дерби дуел, ќе влеземе мотивирано и ќе гледаме да победиме

Кристијан Чурлинов: На овој дерби дуел, ќе влеземе мотивирано и ќе гледаме да победиме

Викендов кој следи започнуваат возбудувањата во првенството на младинските фудбалски категории. Противник на сите Вардарови екипи во првото пролетно коло ќе биде екипата на Работнички. Пионерските екипи ќе гостуваат, додека кадетите и младинците се домаќини во дуелот со своите врсници. Сите натпревари ќе имаат големо значење за нашите младински категории, а посебно интересен ќе биде оној на Алумина, помеѓу помладите пионери на двете екипи. Црвено-црните ќе го стартуваат овој дел од првото место на табелата со четири бода повеќе пред екипите на Работнички и Шкендија. Конечниот резултат од овој натпревар може да реши некои работи, иако е рано да се прават калкулации. Капитенот на пом. пионери на Вардар, Кристијан Чурлинов ја знае важноста на овој натпревар и за нашиот сајт го изјави следново:

-Нa oвoј дерби натпревар, кој е прв во пролетниот дел ќе прoбaме дa пoбедиме, нo aкo немoжеме дa гo совладаме прoтивникoт ќе гледаме дa извaдиме нерешенo. Овoј меч мoже дa реши мнoгу рaбoти зa првoтo местo нa тaбелaтa, иако останува цела полусезона за играње, така што немора да значи дека е решавачки дуел. Рaбoтнички беше единствената екипа во есенскиот дел која ни одзема бодови и пoстигнa гoл во нашата мрежа и секако дека ги респектираме како противник. Зa oвoј натпревар се спремaме максимално.

Екипата предводена од тренерот Сашо Јанев имаше напорни подготовки одигрувајќи многу контролни натпревари. Како поважни ќе ги земеме победите на два пати во Тетово, против екипата на Шкендија и на гостувањето во Софија, против тимот на Левски.

-Работевме многу во текот на целиот подготвителен период, одигрувајќи неколку контролни натпревари. Мислам дека покажавме “завиден“ квалитет и во добра форма ќе го стартуваме пролетниот дел во лигата. Работнички можеби има мала предност на овој дуел, со тоа што ќе игра на домашен терен, но ние ќе влеземе мотивирано и ќе гледаме да победиме, изјави Кристијан Чурлинов за Вардар Фанс.

Звонко Ивановски