Селекторот на Македонската ракометна репрезентација Ивица Обрван го објави поширокиот список на ракометари, на кои ќе може да смета на подготовките за олимписките квалификации, кои во периодот од 8-10-ти април ќе се играат во Гданск (Полска). Мкаедонија е во група со домаќинот Полска, како и со репрезентациите на Туснис и Чиле. Првите две пласирани селекции ќе обезбедат пласман на Олимписките игри во Рио.
На овој поширок список се најдоа тројца ракометари од редовите на Вардар. Тоа се крилото Дејан Мансков, пикерот Стојанче Стоилов и бекот Филип Лазаров. Точниот датум на започнување на подготовките ќе биде дополнително одреден.