Викендов на главниот фудбалски терен во населбата Ѓорче ќе се одигра завршниот турнир од таканаречената “Вардар Јуниор“ лига. Ова е еден од новите проекти на нашиот фудбалски колектив кој функционира речиси два месеци. После одиграни пет кола во градовите Куманово, Штип, Виница и Охрид, главна чест за завршниот турнир ќе го има главниот град Скопје. Фудбалскиот клуб Вардар на завршниот турнир ќе настапи со генерациите родени “2001“, “2003“ и “2005“ година. Во сабота ќе настапи нашата генерација “2001“. Ова е всушност екипата која настапува како помлади пионери која е лидер во домашното првенство. Ќе имаат можност за прв пат да настапат во оваа јуниор лига и да ги покажат своите врвни квалитети. Капитенот на оваа генерација Кристијан Чурлинов најавува максимална посветеност на овој турнир и надеж дека на крај ќе го освојат првото место.
-Не сме многу запознаени со оваа “Вардар Јуниор“ лига, со оглед дека настапувавме во националното првенство и куп. Ние како екипа максимално се подготвуваме за секој меч, без разлика дали е тоа првенствен, дел од некој турнир или Јуниор лига. Сериозно ќе пристапиме на овие натпревари и ќе дадеме се од себе да се прикажеме во најдобро издание и да го освоиме првото место.
Чурлинов го потенцира големото значење на ваква лига, која е потребна за Вардар и Македонскиот фудбал.
Сметам дека ваква лига е потребна и може да има големо значење во развојот на фудбалот и откривањето на нови талентирани фудбалери, кои несомнено многу ги има во наша земја. Секој залсужува да го покаже својот талент кој го поседува, а ваквите организации се најдобар пример за тоа, изјави капитенот на оваа генерација Кристијан Чурлинов за Вардар Фанс.
Звонко Ивановски