Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар на 9.јануари ги стартува Л.Ш возбудувањата, ни гостува ЦСМ Букурешт
ЖРК Вардар на 9.јануари ги стартува Л.Ш возбудувањата, ни гостува ЦСМ Букурешт

ЖРК Вардар на 9.јануари ги стартува Л.Ш возбудувањата, ни гостува ЦСМ Букурешт

За избраничките на Индира Кастратовиќ и Питлик новата сезона во елитната европска шампионска лига почнува на 9-ти јануари со домашен меч. Познати се точните термини на следните  6 меча во новоформираната Група-2. Црвено-црните девојки во истата  пренесоа 4 бода во оваа втора групна фаза.

Во нашата група лидер е црногорскиот преставник Будуќност со седум бода, потоа следат со по  пет тимовите на  ЦСМ Букурешт и Ѓер   кој се на бод предност пред нашиот  Вардар кој  пренесе 4 бода. Во следната фаза а тоа е 1/4 финалето во ЕХФ Лигата на шампионки идат првите четири екипи во групата кои вкрстуваат со противниците од Групата-1. Се вкрстува прво со четврто пласиран и второ со трето пласиран од одбете групи. Распоредот со дефинирани термини е следниов:

  • I-коло (09.01.2016) : Вардар – ЦСМ Букурешт
  • II- коло (17.01.2016) : Будуќност – Вардар
  • III-коло (06.02.2016) : Вардар – Савехоф
  • IV- коло (14.02.2016) : ЦСМ Букурешт - Вардар
  • V- коло (21.02.2016) : Вардар – Будуќност
  • VI- коло (26.02.2016) : Савехоф – Вардар