Европската ракометна федерација за мечот од ЕХФ лигата на шампионите во сабота помеѓу нашиот миленик РК Вардар и дански Колдинг делегираше руска судиска двојка. Мечот ќе го судат русите Алексеј Киуашко и Дмитриј Киселев.
На мечот за ЕХФ-делегат е делегиран Владимир Сокол кој доаѓа од Хрватска. КИФ Колдинг за потсетување во првиот меѓусебен дуел изненадувачки кога вардарци беа првопласирани со четири победи, а данците беа “фенерџии“ на табелата со исто толку порази ни нанесоа еден помалку неочекуван пораз. Како и тогаш така и сега тренерот на Вардар Раул Гонзалез се сретнува со низа проблеми при составување на тимот поради повредите на клучните играчи.