Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Јакимовски ќе го суди градското дерби со Работнички

Јакимовски ќе го суди градското дерби со Работнички

Фудбалската федерација го делегираше судијата Дејан Јакимовски за  главен арбитар за дуелот на црвено -црните против  тимот на Работнички. Мечот  ќе се игра утре (сабота)  по одлука на “Романтичарите“ на Градскиот стадион во Велес.  Градското дерби е закажано со  почеток во 13-00 часот.

ФФМ за помошници на  Јакимовски ги делегираше Никола Караколев од Штип и Игор Ширилов од Скопје. Овој меч ќе има и  дополнителни судии зад головите тука делегирани се  Стојанче Стојанов од Штип и Петар Мантев од Неготино. Делегат на мечот е Гоце Шопоски од Струга. Доколку вардарци победат на овој меч ќе може да ја прослават “Есенската титула“ бидејќи ова е предпоследно есенско коло, а моментално избраниците на Гоце Седловски имаат 4.бода предност на табелата во однос на најблискиот конкурент тетовска Шкендија.