Избраниците на Пепи Манасков екипата на РК Вардар јуниор на 6 декември во недела ќе гостува во Битола. Наш противник тимот на Рк Пелистер во меч кој се игра во рамките од 12-то коло Супер ВИП лига. Мечот е закажан со почеток во 17-00 часот.
Дуелот на црвено-црните со битолчани ќе може да го следите низ директен тв-пренос на Македонската радио и телевизија на собранискиот канал со коментар на Зоран Видевски. Ракометната федерација за судии на мечот ги делегираше Спаско и Глигор Ќаеви. Против зелено-белите на мечот во С.Р.Ц “Кале “ младите вардарци остварија минимална но значајна победа со резултат 24-23. По одиграните 11 досегашни кола Јуниор се наоѓа на 5 место од суперлигашката табелата со освонени 18 бода и е на чекор од позиците 1-4 кои водат во разигрувањето на крајот од сезоната со првиот тим на Вардар и Макс Струмица. Во изминатото последно одиграно коло екипата на Вардар јуниор го победи дома Радовиш со 24-22.