Офанзивниот играч на ФК Вардар, Матеј Цветаноски е пред трансфер во Албанија, во тимот на Тирана.
Според информациите двете страни се блиску до договор. Доколку дојде до овој трансфер, Цветаноски ќе биде третиот фудбалер што за краток период од Вардар се сели во овој клуб, бидејќи веќе играчи на овој тим се Кристијан Тошевски и Филип Најдовски, а трансфер договори и Хасани.
Цветаноски одигра супер полусезона во редовите на ,,црвено-црните” каде постигна шест погодоци и беше најдобар стрелец. Покрај Матеј, на излезна врата од Вардар се и капитенот Мицевски, Попзлатанов и Петровиќ.