Помладите пионери на ФК Вардар го дознаа својот противник во рамките на полуфиналето од Купот на Македонија. Последна пречка до големото финале за црвено-црните ќе биде екипата на Шкендија од Тетово.
Во рамките на 1/4 финалето, Вардар беше подобар од тимот на Работнички, додека Шкендија го елиминираше Куманово Еуроспорт.
Другата полуфинална двојка ја сочинуваат екипите на Кул и Академија Пандев.