Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Горјан Цветков одигра скоро цел натпревар во минималниот пораз од екипата на Брера
Горјан Цветков одигра скоро цел натпревар во минималниот пораз од екипата на Брера

Горјан Цветков одигра скоро цел натпревар во минималниот пораз од екипата на Брера

Стартуваше новата натпреварувачка сезона во ПМФЛ, во која по пауза од две годии, Вардар се врати во најсилната македонска фудбалска лига.

Во првото коло, вардарци гостуваа во Струмица кај екипата на Брера, од која беа минимално поразени со резултат 1:0 (о:0).

Шефот на стручниот штаб, Бобан Грнчаров, во стартниот состав му даде шанса на Горјан Цветков (2005) кој одигра 82 минути, упатувајќи и еден директен удар кон противничкиот гол.

На клупата за резерви на овој премиерен натпревар се најде и Тино Спасиќ (2005), кој шанса за игра ќе очекува на следните натпревари.