Струмичкиот тим со минимални 1-0 славеше на дербито со повратникот во елитата Вардар и така ги впиша првите бодови на своето конто сезонава. Моментот на одлука на натпреварот се случи на стартот од вториот дел, кога младиот Јанкулов од далечина постигна еврогол во вардаровата мрежа.
Вардар имаше свој моменти на дуелот, па и неколку добри шанси, но сепак изостана концентрација и поуспешност. Можеби најдобриот напад Вардар го имаше преку Вецески кој биеше со глава по корнор, но голманот на домаќините одбрани. Вреди да се напомене дека Гачевски беше фантастичен на голот на Вардар и собра неколку одлични интервенции и покажа дека е класа и оваа сезона. Добар натпревар кај Вардар одиграа и Брдаровск и Цветаноски, но и искусниот Мишковски.
Да не заборавиме дека Вардар денес играше без своите интернационални засилувања, кои и те како фалеа, посебно Лемос. Сепак, најдоброто од Вардар допрва го очекуваме.