Започнува новата сезона во ПМФЛ, а во неа се враќа најтрофејниот фудбалски колектив ФК Вардар. Пред денешниот воведен натпревар во Струмица, еден од најголемите засилувања на тимот даде оцена што очекува од попладневниот дуел.
„Нашите очекувања за натпреварот со Брера се позитивни. Имаме голем респект кон противникот, но ние си имаме свои планови. Оваа екипа е спој на младост и искуство, се надевам дека сите што ќе истрчаат на терен во Струмица ќе го дадам максимумот и задоволни ќе се вратиме за Скопје. Кога велам задоволни, тоа значи три бода, бидејќи ние сме Вардар и од нас се очекува на секој натпревар да одиме на три бода“, рече Брдаровски.
Натпреварот со Брера започнува од 17:00 часот.