Познати се групите на традиционалниот ракометен струшки турнир, на кој ќе се натпреваруваат вкупно шест екипи, меѓу нив и Вардар.
Вардар е во група со екипите на Ескилскуна Гуиф од Шведска и домашниот тим на Струга, додека во другата група се наоѓаат екипите на Алкалоид, Динамо Панчево и АЕК Атина.
Турнирот ќе се одигра од 16 до 19 август на теренот „Горан Попоски – Бабец“ во Струга.