Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Ердон Даци и Виктор Димков ја предводат листата на најдобри стрелци во кадетската екипа на Фк Вардар
Ердон Даци и Виктор Димков ја предводат листата на најдобри стрелци во кадетската екипа на Фк Вардар

Ердон Даци и Виктор Димков ја предводат листата на најдобри стрелци во кадетската екипа на Фк Вардар

Оваа сезона, кадетите на Фк Вардар бележат импресивни резултати во националното првенство и купот. После 16 одиграни првенствени кола, оваа генерација има вкпно 11 победи, 4 нерешени дуели и само 1 пораз. На табелата се наоѓаат на првото место, каде имаат четири бода предност пред второпласираната Шкендија и дури девет повеќе од екипата на Металург. Тимот од Тетово е единствен конкурент, за нашите надежи до крајот на првенството. Избраниците на Љупчо Марковски се пласираа и во финалето на купот на Македонија, откако во 1/2 после два тешки натпревари го елиминираше тимот од Железара.Во големото финале, црвено-црните ќе се судрат со екипата на Работнички.

Интересна е ситуацијата и кај стрелците на оваа генерација, која е најефикасна во својата лига. Моментално најефикасен играч на кадетите е Ердон Даци кој има постигнато 16 голови. Виктор Димков има вкупно 14 погодоци зад своето име, а еден помалку односно 13 има Есмин Личина. Ова се бројки во двете натпреварувања. Во следното коло, играат на домашен терен со екипата на Ренова, која не би требало да преставува никаков проблем за Вардар. До крајот на сезоната кадетите имаат полесен распоред, се до последното коло кога гостуваат на најголемиот конкурент за трофејот, екипата на Шкендија. Се надеваме дека голгетерската серија на кадетите ќе продолжи и дека титулата ќе се обезбеди на неколку кола до крајот.

Фото:ТК Медиа