Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ИТАМЕ КОН СИТЕ ДОМАШНИ ТИТУЛИ- ФК,РК,ЖРК ВАРДАР И КУПОВИТЕ ВО РАКОМЕТ, ШАМПИОНКИ НА Л.Ш, КУГЛАРИТЕ ВИЦЕШАМПИОНИ, КОШАРКАРИТЕ ВЛЕГОА ВО ВТОРАЛИГА
ИТАМЕ КОН СИТЕ ДОМАШНИ ТИТУЛИ- ФК,РК,ЖРК ВАРДАР И КУПОВИТЕ ВО РАКОМЕТ, ШАМПИОНКИ НА Л.Ш, КУГЛАРИТЕ ВИЦЕШАМПИОНИ, КОШАРКАРИТЕ ВЛЕГОА ВО ВТОРАЛИГА

ИТАМЕ КОН СИТЕ ДОМАШНИ ТИТУЛИ- ФК,РК,ЖРК ВАРДАР И КУПОВИТЕ ВО РАКОМЕТ, ШАМПИОНКИ НА Л.Ш, КУГЛАРИТЕ ВИЦЕШАМПИОНИ, КОШАРКАРИТЕ ВЛЕГОА ВО ВТОРАЛИГА

Веќе е мај и полека се гледа расплетот во првенствата, црвено-црните итаат кон титулите. Трите клуба во сопственост на г-н Сергеј Самсоненко фудбалскиот и двата ракометни идат кон насловот Шампион на Македонија.

Ракометарките избраничките на  Индира први, на неколку кола до крајот веќе ја обезбедија титулата во женската ракометна најсилна конкуренција . Ова е трета последователна домашна титула за црвено-црните девојки . За нив сеуште се во игра уште две титули од кој за едната се апсолутен фаворит а тоа е Купот на Македонија . И вистински предизвик за 3 од 3 за девојките е завршниот турнир во Лигата на Шампионите во Будимпешта каде тие можат , а се надеваме и ќе успејат да се најдат на врвот на Европа од вториот обид .

Ракометарите доминираат во домашната лига и речиси се сигурни дека истата ќе ја освојат и повторно по една година пауза ќе бидат најдобар машки ракометен колектив во земјава. Исто така и во Купот на Македонија се во завршниот турнир каде преку Зомимак -Струмица ќе имаат шанса во финалето да го одбранат купот кој минатата година го освоија во дуел со ривалот од Автокоманда . Ракометарите имаа уште учество на два фронта во регионалната Сеха Лига, се пласираа на Ф-4 турнирот каде завршија последни, а во најсилното европско клубско натпреварување стигнаа до 1/4финалето каде пречка беше Киелце. Со титулата Шампион на Супер Лигата обезбедуваат пласман директен во група од Л.Ш за следната 2015/16 сезона.

Фудбалерите се во борба за една титула таа во првенството, бидејќи рано испаднаа од купот. Но реално гледано најголема сатисфакција за сите нас од Македонските шампионски круни е таа во фудбалот . Веќе во среда на мечот од 29 коло односно од т.н 2 коло од плеј-офот во ПМФЛ со Романтичарите ќе ја имаме првата “меч-топка“ за насловот во Првата лига . Со победа веќе на три кола до крај ќе може да ја прославиме титулата. За европски мечеви годинава по катастрофалниот пласман лани немавме ни прилика да учествуваме , а камо ли некој успех да имаме во истите за разлика од ракометните колективи. Се надеваме дека не очекува долга европска есен  годинава.

Кугларите веќе во првиот настап во Македонската кугларска лига успееа да се пласираат на вице-шампионското место по завршување на ова првенство веднаш зад КК Макпетрол кој доминира со овој спорт повеќе од деценија и пол. Но се појавува шанса и за првиот трофеј и тоа во Купот на Македонија во куглање кој ќе се одржи на 9ти Мај .

Кошаркарите за жал сезонава ја минаа во најниската по ранг Трета Македонска кошаркарска лига . Но добра вест е дека веднаш уште првата сезона ја напуштаат и се селат во повисок ранг на натпреварување т.е во Втората Лига . Се надеваме дека и во неа ќе се обидат со добра стратегија и сериозен пристап да се прошетаат кон најсилната кошаркарска конкуренција каде и е место за секој црвено-црн вардаров колектив .